Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството

Ревизија и унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ревизија и унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството се темите кои денека биле разговарани на работниот состанок меѓу министерот за здравство, Азир Алиу, деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Светозар Антовиќ и шефовите на катедри од факултетот.

Како што соопштија од Минитертвото за здравтво, на состанокот, Алиу истакнал дека унапредувањето на човечките ресурси е еден од неговите приоритети, со цел подобрување на навременоста и квалитетот на здравствените услуги во секундарното и терциерното здравство.

-Откако ја презедов министерската функција, еден од приоритетите ми е унапредување на човечките ресурси, со цел усогласување со реалните потреби на здравствениот систем, навременоста и квалитетот на услугите кои се обезбедуваат во секундарното и терциерното здравство, истакна Алуи на состанокот во Министерството за здравство.

Реклама

Работниот состанок, информираат од Министерството, е дел од поширок процес на реформи во здравствениот систем, кои се насочени кон редифинирање на постојните гранки на специјализација, со цел надминување на проблемот со тесно профилирани специјалисти и зајакнување на широки специјализации, како што се интерна медицина и општа хирургија, скратување на времетраењето на одредени специјализации, со цел мотивација на младите лекари, и редефинирање на супспецијализациите согласно реалните кадровски потреби на здравствениот систем.