Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушењето не е рестриктивен, тој е европски

Предлог-законот за заштита од пушењето, кој се очекува да стапи во сила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за заштита од пушењето, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување европски стандарди за заштита на здравјето, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Во моментот, посочи, Министерството за здравство уредува сеопфатна заштита на населението од штетните ефекти од употреба на тутунот и другите никотински производи, како и изложеноста на тутунски чад во животната средина.

– Тоа ни е битен момент за да може да се уреди. Исто така, предлог-законот е усогласен со меѓународните стандарди и целта на законот е унапредување на јавното здравје. Усогласен е со глобалните јавноздравствени политики што ги имаме потпишано како држава и во рамките на таа конвенција за контрола на тутунот, која е потпишана. Законот не е рестриктивен, тој е европски. Европските стандарди за заштита на здравјето се воспоставени во овој закон. Преку податоците штои ги добивме од Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација пуши, што ја става нашата земја меѓу земјите со највисока стапка во Европа според начинот на користење цигари или некаков вид тутунски производи – рече Алиу.

Реклама

Појасни оти е многу битно да се напомене дека, освен забрана за пушење во јавни институции, на јавен простор, законот предвидува и забрана за промоција на таков тип производи, кои во последно време се промовираат дека се модерни…

– Анализа е направена за дигиталниот простор и каков тип на пристап користат компаниите што произведуваат ваков тип на производи. Исто така, законот предвидува рестрикции во дигиталниот простор за да не може да се промовираат такви штетни производи за нашето население – истакна Алиу.

На прашањето дали вакви слични закони се применуваат во земјите од регионот, рече дека, дефинитивно, се применуваат и во Европа и во некои земји од регионот. 

Според Алиу, целта е населението да се одвикне од пушењето и правилата се јасно дефинирани во сите европски земји.

– Значи, истите правила се анализирани и се стандарди и во нашиот предлог-закон. Законот не треба да се гледа како рестриктивен, туку како европски закон. Според направените анализи, младите користат некаков вид тутунски производи. Според глобалното истражување за употребата на тутунот кај младите (Global Youth Tobacco Survey-GYTS) во 2024 година, 13,6 проценти од учениците на возраст од 13 до 15 години моментно користат некаков вид тутунски производ. Ова е највисок процент евидентирани млади во државава – рече Алиу.

Тој смета дека со донесувањето на законот за заштита од пушењето ќе се придонесе за намалување на бројот на пушачи во државава и за намалување на трошоците за лекување на заболувања предизвикани од пушењето.

– Затоа, паралелно со овој закон правиме цела програма за едукација и информации за штетноста и заболувањата што се поврзуваат со пушењето. И цела 2026 година ќе биде поврзана со имплементација на законот и едукација и информации, особено за младите во нашата држава – додаде Алиу.