Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Алиу: На Клиниката за уво, нос и грло извршена е темелна реконструкција на четири хируршки сали, набавен нов оперативен микроскоп и анестезиолошки машини

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес ја посетија Универзитетска клиника за уво, нос и грло по повод извршена обемна реконструкција на четири оперативни сали и набавен нов оперативен микроскоп за решавање комплексни операции на средно уво, синуси, гласни жици и реконструктивна хирургија на глава и врат.

– Тоа што го дефиниравме како политики за подобрување на здравствениот систем гледаме дека веќе станува реалност на оваа клиника. Трите столба што ги мапираме како битни – инфраструктура, човечки ресурси и технологија, денес видовме како тоа реално е имплементирано и фунционира. Четири операциони сали се од темел реновирани, со најнова технологија која овозможува следење на сите стандарди на највисоко ниво. Во однос на кадровската политика, веќе се вработени тројца специјализанти, од кои двајца специјалисти ОРЛ и еден специјализант по анестезиологија и интензивно лекување, пет медицински сестри, како и тројца администратори, што ќе придонесе кон потранспарентно здравство кое што е поблиску до граѓаните, согласно европските стандарди, изјави министерот Алиу.

Директорот на Клиниката, д-р Игор Камшикоски информираше за значењето на новиот оперативен микроскоп, врвна технологија која овозможува нови димензии во микроскопската хирургија.

Реклама

Обезбедени се и неколку флексибилни транcназални фибер-оптички ендоскопи, со кои значително се олеснува и унапредува амбулантската и болничката дијагностика. Особено важна е набавката и на две најсовремени анестезиолошки машини-дизајнирани за флексибилност, со можност за користење во кратки и долги оперативни интервенции, кај возрасни и педијатриски пациенти, кои овозможуваат високо ниво на сигурност за пациентите и лесна употреба за анестезиолошкиот тим.