Реклама
Македонија

Алиу: Ќе градиме здравствен систем врз пет столба за поефикасно здравство за граѓаните, Кочани ни е во фокус

Повредените од трагичниот пожар во кочанската дискотека се во фокусот на здраствените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повредените од трагичниот пожар во кочанската дискотека се во фокусот на здраствените власти. Новоназначениот министер Азир Алиу, најави дека ќе се посветат на здравствените капацитети во Кочани, а ќе има средба и со директорката на болницата. Кризниот менаџмент, вели ќе следи сите процеси и потреби кои се потребни, првенствено за повредените од пожарот.

  • Тие средби нема да бидат средби на кои ќе одиме заедно со новинари – идејата е да бидеме заедно со граѓаните и реално да ги согледаме потребите што ги имаат. Утре имам средби со директорката на болницата во Кочани, затоа и ќе почнам оттаму, прв приоритет ни е Кочани, понатаму таквите или слични ситуации кои ги имавме во минатото, а ги имавме затоа што досега немавме работни групи за менаџирање со кризни ситуации“, кажа Алиу.

Но, предизвиците со здравствените капацитети и медицинскиот персонал не се само таму, вели Алиу. Министерството за здравство, според програмата, ќе направи мапирање на сите недостатоци со кои соочуваат сите болници во државата. Според, планот на министерството што го презентираше Алиу, ќе биде креирана програма за превенција на повеќе болести со која ќе треба да се скенираат сите граѓани над 40 години, односно бесплатно да можат да извршат прегледи.

  • „Ќе направиме платформа за онлајн пријавување на сите граѓаните заради превенција. За 30-40 отсто се намалуваат ризиците од потешки заболувања ако навремено се откријат. Ова не е нешто што од утре ќе почне, туку ќе се изработи програма за скенирање на здравјето на граѓаните“, рече Алиу.

Алиу најави дека веќе направиле измени за да не доцни терапијата на онколошките пациенти.

Реклама
  • Решението е да може шест месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, да мора секоја клиника секоја институција да го отвори и да го затвори тој процес. Што ќе се случи, ако случајно во тој период заради еве како што ни се случи сега, заради икс причини, правни, или човечки или други фактори, да имаме време да се отвори уште еднаш тендерот и да не се појави тој недостиг на лекови кај пациентите, така да гледате дека лесно можат да се решаваат проблемите, само треба работа и воља“- рече Алиу.

Здравство ќе гради систем базиран на пет столба. Освен мапирањето на болниците и подобрување на условите, транспарентноста и отчетноста на здраствените услуги,  професионален развој и зајакнување на човечките ресурси, одржливо финанисирање и фокус на превенција се секторите на кои ќе посветат здравствените власти.