Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Македонија

Алиу: Измените на Законот за трансплантацијата достапни на ЕНЕР – граѓаните ќе имаат можност кај својот матичен лекар да потпишат изјава за согласност за органодонорство

На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување – соопшти Министерството за здравство.

Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица што може да бидат живи донори на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати онаму каде што ѝ е местото – кај самиот човек – појаснува министерот Алиу.

Предвидено е и воведување национална листа, која ја води Министерството за здравство во националниот систем за електронски евиденции во здравството, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст – информираат од Министерството.