Реклама
Прилози

🎥 Алиу ги демантира ДУИ: Ќе се вработат сите 155 хонорарци во тетовската болница

155 медицински работници од клиничката болница во Тетово вклучувајќи медицински сестри, доктори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

155 медицински работници од клиничката болница во Тетово вклучувајќи медицински сестри, доктори и хигиеничари, што со години веќе работат со договор на дело, конечно ќе добијат трајно вработување. Административниот дел е завршен па се договорите да да потвпишат за два до три дена. Со ова министерот за здравство Азир Алиу ги демантираше тврдењата на ДУИ дека повеќе од 150 медицински сестри извисија и не се вработени во тетовската болница. Алиу вели дека ова е масло на предходниот минстер за здравство, со лаги и смислесно сценарио да прави паника кај медицинскиот перслонал. Препознава политичка игра на Арбен Таравари, откако тој повторно се врати во прегратките на ДУИ.

“155 луѓе од клиничката болница во Тетово ќе добијат договор на неопределено време. Постапката е завршена, ставаме крај на оваа агонија што тие ја создадоја и ја хранеа со години. Овој проблем траеше со години, а зошто? Затоа што Дуи беше со децении на власт и никогаш не се потруди да го реши овој проблем.” Изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Инаку од дуи денеска обвинија дека професиноални медицински сестри, мајки столбови на стотици семејства, иако им било ветено сепак не добиле стално вработување во тетовската болница. И Премиерот Мицкоски најостро ги дематираше овие обвинувања. Најави дека вработувањето на 155 хонорарци од тетовската болница ќе се реши системски, а владата не ги дели граѓаните на тетовци, струмичани, гостиварци.

“Ние сме влада на сите граѓани, на македонци, на албанци, на турци, на срби, на власи, на бошњаци, на роми, на тетовчани, на струмичани, на гостиварци, на битолчани, на прилепчани, на кичевчани, на сите.И треба да се навикнеме на таква влада, мислам дека повеќе од година дена да стане јасно дека оваа влада не ги дели ни по град, ни по општина, ни по етничка припадност граѓаните.” Изјави Претседателот на владата Христијан Мицкоски.

И нема да се работи само на екипирање и зајакнување на медицинскиот кадар низ државата. Од министерството за здравство највија дека ќе се вложува и во опрема и нови амбулантни возила. Ќе се зголеми бројот на медицински кадар во Брзата Помош, со цел да се зајакне и оваа служба. Во моментов се очекува одговор од сите центри колкав е недостатокот и на возила и на човечки ресурси. Постапката во Скопје е веќе при крај и се очекува за максимум 10 дена да биде завршена.

Реклама

Мила Тодорова