Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Алиу – Филипиду: Размена на знаења и современи практики за јакнење на човечките ресурси во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, оствари средба со амбасадорката на Република Грција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу, оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Македонија, Н.Е. Софија Филипиду, на која се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во здравствениот сектор.
 
Како што информираат од Министерството за здравство, во фокусот на разговорите беа теми поврзани со јакнење на човечките ресурси во здравствениот систем, преку размена на знаења и искуства, професионални практики и современи медицински методи на лекување, како основа за подобрување на квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги.
 
Министерот Алиу ја истакна потребата од проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во насока на подобро усогласување на образовните и кадровските политики со реалните потреби на здравствениот систем.
 
Министерот Алиу и амбасадорката Филипиду ја потврдија подготвеноста за натамошна комуникација и конкретизирање можни форми на соработка, во рамки на заедничките здравствени приоритети и интереси.