Реклама
Прилози

🎥 Алиу: Целосно ќе ги покриеме сите трошоци за лекување на повредените во пожарот во Кочани

Сите трошоци околу лекувањето на повредените млади луѓе во дискотеката „Пулс„ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите трошоци околу лекувањето на повредените млади луѓе во дискотеката „Пулс„ во Кочани, ќе ги покрие државата. Со оглед на тоа што не располагаме со соодветни центри и инфраструктура, се правт анализи во кои држави би можело да се продолжи со понатамошни специјалистички лекувања. Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека во брзо време ќе излезат и со новости во врска со Центарот, што ќе го градат во Кочани. 

     „Свесни сме дека има процеси и третмани кои многу чинат, скапи се, но ние како држава сме должни на секој граѓанин да му пружиме здравствена заштита, бидејќи тоа ни е законска надлежност. Секој процес кој бара финансиски средства ние ќе излеземе во пресрет. Исто така, секој процес кој бара импортирање на знаење, ќе направиме такви обуки и секој процес што бара мобилност на нашите граѓанин од државата, исто така ќе го поддржиме„ изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

При денешната посета на штипската Клиничка болница министерот Алиу, најави дека во наредниот период ќе се работи и на јакнење на човечките ресури во сите здравствени институции во државата, а од септември или октомври се очекува да се започне со градежни активности на објектот во кој треба да биде сместена новата клиничка болница

Реклама

  „Ние паралелно ќе работиме на подобрување на тој недостаток  во системот и затоа дефиниравме политики коишто ги делиме на три дела и тоа, меѓу кои е и креирање на човечки капацитети. Нние ќе инсистираме да одат паралелно, бидејќи со добри објекти вие не нудите добри услуги, ако немате добри доктори и добар тим„ изјави министерот за здравство .

   „Недостатокот од перосинал е огромен.  И дали новите вработувња се доволни , не не се доволни. Сега разговаравме со министерот и побаравме да им нови вработувања и на други кадри, бидејќи сега со вработувањата на 25 лекари, тој персонал ќе биде мноу поголем„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Во рамки на иницијтивата „Мобилен кабинет„, министерот Алиу,  одржа состанок со дел од вработените, а оствари и средби со граѓани.