Реклама

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Македонија

Алиу: Бизнисите нема да се затворат бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува тоа

Бизнисите нема да се затворат бидејќи со законот за заштита од пушењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисите нема да се затворат бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува тоа. Оние луѓе што пушат тоа може да го прават во одредени простории, како што се терасите отворени од три страни. Значи, кафиќите и локалите може да направат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот, рече денеска министерот за здравство, Азир Алиу.

Вториот момент, како што појасни, е што даваме субвенции за тутунот, имаме извоз на тутунот.

– Од економска гледна точка не гледаме дека ќе има некаков тип на загуби. Здравството и здравствените политики се поврзуваат со здравјето, а здравјето никогаш нема цена. Од друга страна, со нездраво население вие, дефинитивно, му одмагате на бизнисот многу повеќе отколку со вакви политики против пушење цигари во затворени простории. Направена е и таква анализа. Луѓе што се зависници од таков тип на производи се помалку активни во секојдневната работа во државните и во приватните институции – истакна Алиу одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за обезбедување вакцини против хепатитис Б.

Реклама

Тој рече дека пред институциите, не само во Клиничкиот центар, секаде во државата, пред јавни здравствени установи, но и други јавни институции, училишта, градинки, министерства, нема да биде дозволено да се пуши.

– Клиничкиот центар, дефинитивно, е голем, има многу институции, но исто така знаете дека има инфраструктура внатре за пиење кафе, таму, најверојатно, тие бизниси ќе направат инфраструктура и за пушење цигари или ќе направат тераса што ќе биде отворена од трите страни. Впрочем, на крајот на краиштата, ние како надлежна институција сакаме да направиме закон што ќе ги штити сите, ќе го штити населението. Верувајте дека имаме многу заболувања, кои директно или индиректно се поврзуваат со пушењето – посочи Алиу.

Потенцира дека од утре ќе има состаноци со сите инспекторати за да може да ги информирам за законот и да видат дали им треба дополнителен човечки капацитет или друг тип инфраструктура со цел да се следи имплементацијата на законот на терен. 
 
– Јас сум свесен дека законот има добро дефинирани постапки кај може да се пуши, а кај не смее да се пуши. Но, исто така ќе имаме добро дефинирани правилници, што ќе бидат јавно достапни, ќе знаат сите заинтересирани страни, кои треба да бидат информирани или имаат дел од бизнисот, што е опфатено со овој закон за да може да се приспособат или инфраструктурно или со внатрешни правилници, ако им треба. Сигурен сум дека од 1 март се очекува законот да биде во сила, дека ќе имаме друг тип на инфраструктура надвор од нашиот дом, а тоа значи дека во јавен транспорт, во простории што се заеднички, ќе имаме чист воздух и нема да дишеме никотин. Ве уверувам дека нема да дозволам надвор од тие европски политики да креираме некој хибриден закон бидејќи тогаш од првиот ден законот нема да биде функционален – додаде Алиу.