Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Али Ахмети повтоно пее: Со мандолини, песна и по некое цигарче го прослави роденденот во министерството на Груби

Држава или партија, за Али Ахмети и ДУИ повторно нема разлика. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Држава или партија, за Али Ахмети и ДУИ повторно нема разлика. Со мандолини и песна и по некое цигарче, лидерот на интегративците повторно си прослави својот роденден во Министерството за политички систем, сега својот 65-ти. Видео од роденденската прослава објави првиот вицепремиер Артан Груби.

Инаку пушењето во канцеларии е строго забрането со закон, но Груби преку видето издаде за прекрошиците кои биле направени токму во неговиот кабинет.

Во текстот над видеото кое беше објавено воедно и како роденденска честитка за Ахмети, Груби вели дека лидерот на ДУИ е последниот преродбеник на чело на нацијата.

Реклама

-Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години, напиша Груби на Фејсбук.

Ова не е прв пат Ахмети да го прославува роденденот кај Груби. Така беше и пред две години во ек на пандемија, кога во салата за состаноци беше со голем број функционери на ДУИ. Тогаш сите кои каснаа од лидерската торта, добија казна од 20 евра.

Кога е ДУИ во прашање не е прв пат државните ресури да се користат за партиски цели. Најчест пример е токму Министерството за политички систем на Артан Груби, кое се користи за разонода на функционерите на интегративците.

По потреба станува и партиски штаб на интегративците, каде Али Ахмети си ги остварува своите средби, во прв ред со дипломатите.

Злоупотреба на државните ресурси кога е ДУИ во прашање можеме да видиме и со службените возила, функционерите на интегративците редовно си ги користат кога одат на партиските состаноци.

Според многумина Министерството на Груби важи баш само за партиско на ДУИ, таму се вдомени повеќе од 400 луѓе, а некои конкретни проекти нема, освен организирање прослави, за кои многумина велат дека се само со цел промоција на Груби, Ахмети и нивната партија. Една од нив е и онаа од пред година и половина за годишнината од Рамковниот договор, кога водителката на настанот беше исвиркана кога проговори на македонски јазик.

Матеја Петровски