Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Али Ахмети од центарот на Скопје: Нека разберат Гоце Делчев со кече на глава зборувал пред Албанците

Со кампањата денеска продолжија и партиите од албанскиот политички блок во Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со кампањата денеска продолжија и партиите од албанскиот политички блок во Македонија. ДУИ продолжи да ја промовира својата програма каде која главно се темели дека е дојдено време Албанец да биде премиер на Македонија. Во својот говор денеска од Камени мост во центарот на Скопје, Али Ахмети кажа дека со Гоце Делчев соработувале албански патриоти и заедно работеле со Македонците, за да ги решаваат проблемите на младите.

-Ако имаат малку почит за Гоце Делчев, нека разберат дека тој со кече на главата држел говори пред Албанците. Ако се наследници на Гоце Делчев, оваа кандидатура треба да ги направи среќни, порача Ахмети.

На средба со граѓаните во Дебар, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пак порача дека со досегашните Албанци министри многу деца немале шанса да го научат албанскиот јазик.

Реклама

-Со албанските министри за образование над 1.000 деца Албанци во Велес и во Чашка немаат право да учат на албански јазик. Правото на образование на албански јазик е невозможно. Потребите на Албанците овде во Македонија се за жал средновековни, додека нашите противници се горди на своите големи достигнувања, рече Села.