Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Aли Aхмети ја прочита декларацијата која наводно ја потпишале со „Вреди“, но не ја покажа на јавноста

Ја прочита, но јавно не ја покажа. Лидерот на ДУИ Али Ахмети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја прочита, но јавно не ја покажа. Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги собра денеска лидерите од Европскиот фронт на средба, на која ги наброја имињата на потписниците на декларацијата со која наводно Таравари, Меџити, Касами и Гаши уште на 13 јануари се заложиле дека ќе ги поддржат уставните измени. На неа, според Ахмети стои дека нема да прават коалиција со партија која нема да се согласи да бидат вметнати Бугарите во уставот.

„Сега и во иднина да соработуваме и владееме само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжување на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Потписи на партиските претставници, Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Биљал Касами, Изет Меџити“, рече Али Ахмети.

Без да прецизира, Ахмети вели декларацијата е потпишана по направени консултации, посочувајќи дека Европскиот фронт ќе биде столб за мирот и стабилноста на земјава, бидејќи како што рече, местото Македонија е во Европската Унија. Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Изет Меџити тврди дека Вреди нема потпишано никаква платформа со ДУИ за барање на албанските политички партии од секоја нова влада да спроведат уставни измени како услов за коалицирање со партија од македонскиот блок.

„Во неколку наврати јас одговорив и на Ахмети и на Груби и на Османи, доколку има такво писмо да го објават пред јавноста во рок од 24 или 48 часа, во спротивно даваат неточни информации, да не кажам ја лажат јавноста“, рече Изет Меџити

Ахмети никако да се освести дека заминуваат во опозиција. Ни денеска не кажа прецизно како партијатата и коалиционите партнери ќе се однесуваат во иднина и дали ќе бидат конструктивна опозиција, или можеби ќе се повтори сценариото од 2006 до 2008 година кога притискаа да влезат во владата. Централното претседателство на ДУИ вчера се собра во седиштето во Мала Речица за да разговара за последните политички случувања во земјата создадени по изборите на 8 мај. Од таму ги предупредија ВМРО-ДПМНЕ да не си игра со Албанците и да не ја потценува волјата на мнозинството Албанци како втора по големина заедница во државата.

Реклама

Љубиша Владимиров