Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Алфа сторија за Стефан Ивановиќ кој боледува од церебрална парализа: за храна одам по цркви и по народни кујни, ми треба помош!

Секојдневие што не наликува на живот, туку на преживување.  Секое станување од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневие што не наликува на живот, туку на преживување.  Секое станување од кревет му е борба со болест што со години исцрпува, секое движење – напор, а секоја вечер се претвора во неизвесност и страв од иднината што секојдневно го притиска. Приказната на Стефан Ивановиќ кој целиот свој живот се бори со церебрална парализа, состојба што го ограничува неговото движење и го истоштува, е срцепарателна. Живее сам во стан што не е негов, без семејство, без сигурност, без постојана грижа и со минимални социјални сретства што ги добива од државата за преживување.

„Сега моментално состојбата ми е подобрена од првиот третман со матични клетки кој го направив во Киев. Претходно имав спазми и потешкотии во дишењето. Имам доста потешкотии меѓутоа не се предавам ете.“– вели Стефан Ивановиќ.

Стефан не бил отсекогаш сам. До пред неколку години за него се грижела неговата мајка, но по нејзината смрт и неговиот живот се распаднал. Со надеж дека ке ја подобри својата состојба, тој направил храбар но очајнички чекор. Го продал својот стан за да замине на лекување во Киев, каде што примил терапија со матични клетки. Но средствата не биле доволни за целосно лекување и тој бил принуден да се врати назад. Неговото моментално живеалиште го добил од купувачот на неговиот стан, но бараките треба да се срушат. Неговиот страв дека наскоро може да остане на улица, како што минува времето, станува се поголем. Рокот за останување истекува, а до март ако не се најде решение, може да остане и без дом.

Реклама

„Јас сум сместен во една просторија што ми ја даде купувачот што ми го купи станот и јас го продадов својот стан за да се обидам да го подобрам своето здравје, а исто така сум без родител, мајка ми почина 2019 година и останав сам. За храна одам по цркви и по народни кујни.“

„Ова ќе се сруши тука, јас немам каде да живеам, немам дом, немам каде да живеам. Го продадов својот стан поради лекување. Така мораше да се случи. Барам, дом немам“– вели Стефан.

Денес, Стефан бара дом и лекување. Шанса за да ја продолжи терапијата што му дала надеж дека може да биде подобро. Од министерството за социјална политика, демографија и млади, на доставеното прашање, потврдија дека Стефан Ивановиќ е корисник на социјални услуги.

„Во врска со вашите прашања, ве информираме дека лицето С.И е корисник на следните права и услуги од системот на социјална заштита:

-Гарантирана минимална помош- (ГМП) – 8167 ден.

-Право на надоместок за помош и нега од друго лице (ПП Нега) – 6092 ден.

-Корисник е на социјалната услуга-лична асистенција преку Службата за пречки.“- велат од Министерството за Социјална политика, демографија и млади.

Алфа се обрати и до Фондот за здравствено осигурување. Оттаму велат дека не финансираат лекување со матични клетки за церебрална парализа и дека лекување во странство може може да се одобри само за докажани терапии кога се исцрпени сите можности во земјата, по строго утврдена постапка и одлука на надлежните комисии.

„Фондот финансира здравствени услуги во земјата и во странство исклучиво кога станува збор за интервенции кои се дел од медицина базирана на докази, односно терапии чија ефикасност и безбедност се научно и клинички потврдени и прифатени во меѓународната медицинска практика.“- велат од ФЗОМ.

Стефан не е единствен ваков случај. Во државата има и други лица со попреченост кои се соочуваат со предизвици во обезбедувањето соодветно домување, континуирана здравствена грижа и финансиска стабилност. Во Македонија постојат законски можности за поддршка на оваа категорија граѓани, преку социјални станови, финансиска помош и здравствени услуги, а случаите се разгледуваат по утврдени процедури. Во меѓувреме Стефан апелира до сите хумани граѓани кои се во можност да му помогнат да најде живеалиште, како и да донираат средства за да може да го продолжи својот третман, на страната pavelandreev.org.