Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Алфа репортажа од граничниот премин Блаце

По одлуката на Владата за задолжителен ПЦР тест на СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По одлуката на Владата за задолжителен ПЦР тест на СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ при влез во земјава, денеска на македонско-косовската граница сликата беше многу поинаква од вообичаено.

Државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез во нашата земја треба да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Тука се поставува прашањето, дали македонските државјани кои биле во посета на соседните земји претставуваат опасност од ширење на корона вирусот, со оглед на тоа дека нема потреба да приложат негативен ПЦР тест.

До 14 часот денеска, во Македонија влегле само тројца косовски државјани оти приложиле негативни ПЦР тестови, останатите патници биле вратени назад во својата земја. Како што велат надлежните на граничниот премин Блаце, причината поради која малку косовски државјани приложиле негативен тест е неинформираноста, оти одлуката беше донесена синоќа. Како што забележа камерата на Алфа,  голем дел од патниците не носеа медицинска документација, па збунети, се враќаа во Косово.

Реклама

За македонските државјани кои биле во соседството не е задолжителен негативен ПЦР тест, ПА БЕЗ ПРОБЛЕМ ЈА ПОМИНАА ГРАНИЦАТА.

Мерката која се однесува само за државјаните на овие четири земји, но не и за македонските кои во соседството и они со двојни државјанства е донесена по предлогот на Комисијата за заразни болести.

Адријана Алексиеска