Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Алфа ексклузивно од Олимпија – запален олимпискиот оган кој тргна на пат кон Милано, домаќин на ЗОИ

Свечена атмосфера денес во древната Олимпија, каде што, по традицијата стара речиси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свечена атмосфера денес во древната Олимпија, каде што, по традицијата стара речиси три милениуми, повторно се запали олимпискиот пламен кој ќе го осветли патот до Зимските Олимписки игри Милано–Кортина 2026.“

Церемонијата, која симболично ја поврзува античката традиција со модерниот олимписки дух, оваа година започна поинаку од вообичаено. Лошото време – силни врнежи и целосно облачно небо ,го спречија класичното палење на огнот денеска со сончеви зраци на отворено. Поради тоа, ритуалот беше префрлен внатре, во Археолошкиот музеј во Олимпија, каде што беше употребен резервни пламен запален на генералната проба.

На церемонијата присуствуваа делегации од Грција, Италија, Мeѓународниот Олимписки Комитет и Хеленскиот Олимписки комитет. Ова е почеток на едно од најголемите патувања на олимпискиот оган досега, долгo повеќе од 12.000 километри.

Реклама

„Денешната церемонија нè потсетува што претставуваат Олимписките игри: мирен натпревар, пријателство и почит. Минатото и сегашноста навистина се спојуваат овде во Олимпија“, “, изјави Претседателката на Меѓународен олимписки комитет, Кристи Ковентри.

Првиот носител на факелот беше грчкиот веслач Петрос Гајдаџис, а по него, честта да го понесе огнот ја имаше и италијанската олимписка легенда Стефанија Белмондо. Огнот ќе патува низ Грција една недела, а на 4 декември во Атина ќе биде предаден на Италија

„Со оваа светлина го славиме духот на игрите што ги поврзуваат луѓето. Овој пламен ќе ја обедини цела Италија кога ќе стигне таму“, изјави Џовани Малаго, претседател на олимпискиот комитет за Милано–Кортина 2026.

Според официјалните податоци, патувањето на огнот низ Италија ќе започне на 6 декември и ќе трае 63 дена. Пламенот ќе мине низ: 60 големи градови, над 300 населени места,110 италијански провинции, а ќе го носат вкупно 10.001 факелоносец.

Олимпискиот оган ќе помине покрај Колосеумот, Венецијанските канали, Помпеја и регионите на Magna Graecia — создавајќи симболичен мост меѓу античка Грција и антички Рим.

„Овој пламен не е само антички симбол. Тој е човечки оган — оган на храброст, единство и помирување“, изјави Исидорос Кувелос, претседател на Хеленскиот олимписки комитет.

Говорите денес постојано ја истакнуваа симболиката на Олимпија, местото каде што камењата и денес ‘ги шепотат приказните’ за првите херои на спортот. Градоначалникот на Олимпија нагласи дека од оваа мала долина со векови се испраќа истата порака: дека спортот може да биде мост посилен од сите сили што се обидуваат да нè разделат.

Олимпија отсекогаш ќе биде местото каде што огнот се раѓа за да го осветли светот. Овој пламен носи порака за мир, надеж и заедништво“, изјави Градоначалник на Олимпија, Аристидис Панагиотопулос.

Зимските Олимписки игри Милано–Кортина 2026 ќе се одржат од 6 до 22 февруари, обединувајќи речиси 3.000 спортисти од над 90 земји, кои ќе се натпреваруваат во 16 спортови и 116 дисциплини. Италија по трет пат ќе биде домаќин на зимските игри, продолжувајќи традиција што го слави спортот, единството и човечкиот дух.“