Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Скапо возење по автопатот Миладиновци – Штип

Патарините скапи, а патиштата катастрофа, реагираат штипјани. За да стигнат до главниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патарините скапи, а патиштата катастрофа, реагираат штипјани. За да стигнат до главниот град треба да поминат три патарини кои чинат речиси половина од сумата што се троши за гориво  до Скопје. Новиот автопат овозможи скратување на времето, но не и безбедност, категорични се возачите. Диви свињи и свлечишта се честа слика на автопатот Миладиновци-Штип

   „ Многу лошо. Воопшто не се чувствувавеме безбедни. Се некаде има одрони на карпи и дупки како кратери. Од друга страна патарини колку сакаш-изгор скапи се. Јас сум во Шведска, таму живеам ама волку скапи не се кај нас „коментираат граѓаните.

И додека граѓаните бурно реагираат за секојдневните одрони и дупки по патиштата, ЈП„Државни патишта„  по основ на патарини  само годинава има инкасирано 62милиони евра, што е за 100%зголемување во однос на претходните три години.  За граѓаните, ова е доволен аргумент за целосно  корегирање на тарифникот..

Реклама

     „Мора да се размислува во насока на намалување на патарините. Имаме најскапи патарини во цела Европа. Ова е срамота! Од Штип до Скопје и назад 320 денари, што е многу, многу е„ реагираат граѓаните.

Најскап е автопатот „Пријателство„ кои со дупките и честите работи на терен создаваат застој и гужва, особено во летниот период.

Според анализите на ЈП„Државни патишта„ во 2021 по основ на наплата на паратини остварен е вкупен приход од над 46 милиони евра. Во 2022-над 53 милиони, а минатата година Државни патишта ја завршува со рекордни 62 милиони евра. Инаку Македонија спаѓа во групата на земји со високи цени на патарини. На пример во Косово не се наплаќа, а во Србија има најевтини патарини.