Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

АЛАРМАНТНА АНКЕТА НА АЕК: Македонските малолетници по 5 часа на интернет ДНЕВНО!

Анкетата на АЕК е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Анкетата на АЕК е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Најголем дел или 78,2 проценти во просек поминуваат до пет часа дневно приклучени на интернет.

Свесност за софтвер за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет, постои кај 63,5 проценти од испитаниците. Ваков софтвер имаат инсталирано 25,9 проценти од домаќинствата, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, 58,6 проценти би инсталирале. Од оние испитаници кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, 17,3 проценти знаат каде можат да најдат ваков софтвер.

Реклама

Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.