Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Аларм за реформи во семејното законодавство за да може да одговара на реалноста

Потребни се итни законски реформи поради тридецениското доцнење на нашето семејно законодавство.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребни се итни законски реформи поради тридецениското доцнење на нашето семејно законодавство. Потребата од темелни реформи е поради фактот што се соочуваме со голем број на семејни и родови насилства и нарушени семејни односи. Ова беше заклучокот на конференцијата на која учествуваа еминентни професори од областа на семејното право, судии, адвокати и претставници на невладини организации. Апелираат час поскоро да се случат овие промени со цел да се превенира и да се подобри заштитата на сите членови во семејството.

-Нас науката не нѐ натера да ја организираме оваа конференција, сѐ со цел да иницираме реформи, затоа што семејството и правата на детето се најзначајниот сегмент од општеството. Како наука чувствуваме лична одговорност да ѝ помогнеме на државата“, изјави проф. д-р Ангел Ристов – претседател на Институтот Јуридика Прима.

Како една од главните причини да се реагира е целта да се обезбеди и подобри заштитата на правата и интересите на децата.

Реклама

Се предлага заедничко вршење на родителското право и по разводот на бракот и се предлага моделот на поделено родителство. Тој е присутен веќе подолго време, повеќе децении во голем број европски законодавства и со тој модел се обезбедува децата по разводот на бракот да поминуваат и кај едниот и кај другиот родител“, изјави проф. д-р Дејан Мицковиќ – професор на Правниот факултет

На конференцијата беше посочено дека се зголемува бројот на дисфункционални семејства, расте бројот на разводи и на семејно насилство и токму поради овие причини беше посочено дека е време да се постапува превентивно. Дел од предлозите беа да се вратат предбрачното советување и советувалиштата како превентива во зачувување на брачните заедници и родителството. За сето ова да се реализира потребни се повеќе ресурси и поголема поддршка, но и повеќе да се работи за да можат жртвите на семејното насилство да се потпрат на институциите.