Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Активирање на мерки за стабилност на електроенергетскиот систем за време на празникот 1 Мај

Претстојниот празник 1 Мај ќе донесе повторно активирање на мерките за стабилност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претстојниот празник 1 Мај ќе донесе повторно активирање на мерките за стабилност на електроенергетскиот систем, кои беа применети за време на велигденските празници. Оваа одлука беше донесена на вонреден состанок на министерката за енергетика Божиновска, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски и заменик-генералниот директор на операторот на електропреносниот систем МЕПСО, Александар Пауновски.

Министерката изјави дека во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, беше постигната координација со колегите од регионот за мерките што треба да се преземат со цел стабилност на енергетскиот систем. Тие мерки беа успешно применети за време на велигденските празници, што резултираше со непречено снабдување со електрична енергија и избегнување на ризикот од блек-аут. Овие мерки ќе продолжат да се применуваат и за време на 1 Мај, со цел да се осигура стабилноста на системот.

Како дел од овие мерки, ќе се примени привремено исклучување на дел од фотоволтаичните електрани, со цел да се растерети мрежата и да се овозможи сигурно управување со системот, во услови на зголемено оптоварување и флуктуации на електричната енергија.