Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Ако штипски „Исар“ не може да го плати долгот од 26 милиони евра, на рати, му се заканува колапс

Околу 26милиони денари за потрошена електрична енергија треба да плати  штипски „Исар„…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 26милиони денари за потрошена електрична енергија треба да плати  штипски „Исар„ . Од добавувачот барат долгот да го платат на рати, во спротивно на комуналното претпријатие му се заканува финансиски колапс. Освен високи сметки за струја направени во време на енергетската криза, месечно исплаќаат и 4,5 милиони денари, камати за веќе исплатениот кредит земен пред дваесетина години..

  „Ова е таа обврска која ние ја чувствуваме како притисок, меѓутоа врз основа на ова побаравме  и Советот донесе одлука за продажба на дуќаните во вредност од 12милиони денари со кои сакавме да ја сервисираме оваа обврска. Меѓутоа два пати објавивме за продажба, но никој не се јави кој би сакал да инвестира и да ги купи овие дуќани„изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Исар„.

 Мерките кои беа воведени лани за Исар да излезе од кризата ги дадоа потребните резултати. Претпријатието е ликвидно, а платите како и заостанатите долгови кон вработените редовно се исплаќаат. Засега нови вработувања не се планираат.

Реклама

  „За оваа година не се планирани нови  вработувања, односно  за секој оној што ќе замине во пензија че се направи анализа дали има реална потреба од пополнување на неговото работно место. За административниот дел ќе се анализира, но испразните места во оперативниот дел ќе се поплнуват, бидејќи не треба да трпи услугата на граѓаните„ рече Зајков.

Енергетската криза им зададе сериозен удар на комуналните претопријатија во државата. Поради високите и неплатени сметки кочанското претпријатие извесен период немаше струја, а виничкото се уште редовно не може да ги исплаќа платите на вработените.

Александра Ристевска