Реклама
Прилози

Ако кривичната пријава против Русковска донесе обвинение и евентуална пресуда против неа, тоа е доказ за повторување на постапката за „27-ми април“

Лажните сведочења во судскиот процес за „27 април“ требало да бидат поткрепени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лажните сведочења во судскиот процес за „27 април“ требало да бидат поткрепени со докази или да има пресуда против поранешната обвинителка Вилма Русковска – ова се причините зошто апелациските судии го одбиле барањето за повторена постапка на осудените за „тероризам“. МИА го објави решението на скопска Апелација, во кое наводите што ги изнеле иницијаторите за повторување на постапката – се дека имало пропусти во првичната, но и дека имаат индиции дека Русковска сторила кривично дело и дека тоа резултирало со лажно сведочење на еден од сведоците. Сето ова според нив,  влијаело врз исходот на целиот судски процес.

  • „Во конкретниот случај, имајќи предвид дека со барањето не е приложена правосилна судска одлука, ниту пак друга одлука со која се утврдува застареност на дејствијата преземени од судијата и јавниот обвинител, правилно нашол судот дека барањето за повторување на овие околности е неосновано. Ова дотолку повеќе што без спроведување соодветна постапка и носење соодветна судска одлука, туку само со изнесување паушални наводи, не може да се претставува факт или доказ од таков карактер кој води кон ослободување на осудените или нивна осуда по поблаг закон. Имајќи го предвид наведеното, бидејќи од страна на осудените лица и лицето Ивана Југ, сопруга на сега починатиот Игор Југ, преку нивниот бранител не е доставен релевантен доказ во однос на сите изнесени околности во барањето, советот правилно не ги прифатил наводите истакнати во барањето како релевантни за донесување поинаква одлука“ напишале од Апелација.

Но, МИА пишува дека ниту Апелација ниту Кривичен претходно, не го зел предвид фактот дека осудените лажното сведочење и сомнежите за Русковска, не ги користат како причина за да побараат повторување на постапката, туку како повод. Односно, овие информации обвинетите ги користат како нови околности што би можело да поттикнат сомнеж кај Судот дека правосилната пресуда била донесена на штета на осудените.

  • Постапката за лажно сведочење најчесто „заглавува“ токму затоа што институциите чекаат некој друг да го направи првиот чекор. Ако има јавни индиции или изјави од самиот сведок дека бил приморан, патот за почнување на постапката е отворен. Наместо тоа, Апелација, иако можела овие информации да ги земе предвид како нови околности, оценила дека се работи за паушални изјави на осудените, затоа што тие не доставиле пресуда ниту кривични пријави за сомнежите, што според ЗКП не било неопходно“ пишува МИА.

Сепак, апелациските судии, пишува МИА имале и друга можност за да го прифатат барањето, односно ако постојат околности што го исклучуваат кривичното гонење, фактите можат да се утврдат и со други докази, а не со пресуда.

Реклама

Последните информации од Обвинителството се пак дека кривичната пријава на Јане Ченто против Русковска е распределена кај обвинител кој работи по истата.  Пријавата се однесува токму на сомнеж за кривично дело сторено од Русковска, која во текот на случајот „27 април“ изнудила лажно сведочење на сведок, поради што 15 лица беа осудени за тероризам и добија вкупна казна од над 200 години затвор.