Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. – Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје.

– Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Управата за финансиска полиција (УФП). Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствата што се преземаат – информираат од ОЈО ГОКК.

Во акцијата, како што објавија повеќе медиуми, уапсен е и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, по поднесена кривична пријава од Управата за финансова полциија пред повеќе години против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).