Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

АХВ „прочешла“ 450 сендвичарници, бурекџилници, пекари околу училиштата – стави „клуч на врата“ на 15 објекти и уништи 700 кг. храна

Продажба на хамбургери, тостови, пирошки, крофни со сомнително потекло. Агенцијата за храна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продажба на хамбургери, тостови, пирошки, крофни со сомнително потекло. Агенцијата за храна и ветеринарство изрече 15 забрани за вршење  на дејност на сендвичарници, продавници и  оператори со храна во близина на основни  и средни училишта. Ова се продажни објекти во кои најчесто учениците купуваат ужина за време на одморите. Во голема акција во изминатите 10 дена, Агенцијата за храна и ветеринарство, спровела засилен инспекциски надзор и изврпила 445 контроли на цела територија на државата. Освен тоа што 15 објекти сега имаат клуч на врата, биле запленети  и уништени речиси 700 килограми храна за кои инспекторите утврдиле дека се небезбедни за консумирање или пак дека производи и храна со непознато потекло. Некои од прекршоците вклучуваат работа во лоши хигиенски услови, немале добра производствена и хигиенска пракса, некои не исполнувале основни технички услови за работа, не вршеле редовно дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а  два објекти воопшто не биле регистрирани во Агенцијата.

„19 оператори пуштале во промет небезбедна храна, кај 30 биле забележани лоши хигиенски услови, а дури 26 работеле без да бидат регистрирани во Агенцијата з ахрана и ветеринарство. Проблеми се констатирани и во организацијата и стандардите на работење. 16 оператори воопшто немале имплементирано процедури за добра хигиенска и добра производствена пракса, додека кај триесет и двајца не бил спроведен задолжителниот здравствено-санитарен преглед на вработените. Во три објекти немало извршено редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а седум не ги исполнувале основните технички услови за работа. Во исто толку случаи е затекната и несоодветно означена храна“ – АХВ.

Поради сите овие пропусти кои се закана врз здравјето на граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече 77 парични казни со вкупна вредност од 36.470 евра. Биле издадени и 103 решенија со задолжение операторите да ги отстранат недостатоците, како и 23 опомени пред пишување глоби. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека ригорозните контроли на продажните објекти околу училиштата ќе продолжат и во наредниот период и дека фокусот и понатаму ќе остане безбедноста на храната што секојдневно ја консумираат децата. Во изминатиов период, Агенцијата  врши засилени вонредни контроли и кај други оператори со храна, меѓу кои месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. Минатата недела пак, заплени и уништи дури 37 тони храна – грав, леќа, ореви, лешници и други јаткасти плодови со изминат рок повеќе од 2 години.