Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

АХВ одбележува 15 години постоење

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“..

На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи пристапи и решенија за справување со актуелните предизвици во овие области, воведни обраќања ќе имаат директорот на АХВ Оливер Миланов и заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски.

Видео-пораки ќе бидат презентирани од претставници на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), Европската комисија и Светската организација за здравје на животните (WOAH).

Реклама

Во рамки на настанот ќе се одржат три тематски тркалезни маси посветени на дигитализацијата и современите системи за безбедност на храната, институционалната, научната и регионалната соработка во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна, како и за регионалната координација во областа на здравјето на животните и справувањето со новите закани и болести.

Од АХв велат дека настанот ќе обедини претставници на државни институции, меѓународни организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и професионалните здруженија од земјата и регионот со цел размена на искуства и добри практики за понатамошно зајакнување на системот за безбедност на храната.