Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест, во вторникот на 20 мај, во организација на Здружението Онлајнмедиа.мк, претставници на поголема група македонски интернет портали одржаа состанок и расправаа за проблемот.

На крајот од расправата, најголем дел од претставниците на интернет порталите го усогласија и го потпишаа следниот став:

„Според последните измени на Законот за авторски и сродни права („Службен весник на РСМ“ број 87/2005), ве известуваме дека не ги прифаќаме вашите предлог договори испратени неодамна до нашите редакции, за правото да ги преземате нашите информации, фотографии, видеа. Доколку тоа бесправно преземање продолжи од ваша страна, ќе бидеме принудени да покренуваме постапки за заштита на авторските права.

Реклама

Сите потписници бараат да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на информациите, почнувајќи од 21 мај 2025 година, се до постигнување на евентуален договор.

Како асоцијација на портали, Онлајнмедиа.мк ви стои на располагање за разговор“.

Овој став го потпишуваат и го споделуваат следните информативни портали (по азбучен ред):

А1ОН, Вистина, Денар, Денешен, Експрес, Еспресо, 24Инфо, Курир, Либертас, Лидер, Локално, МКД, MMС, Независен, НЕТ ПРЕС, Нова Македонија, 4NEWS, Плусинфо, Република, Рацин, Слободен печат, 360 Степени, Телеграфи, Точка, Трн, Фактор, Фокус и Црнобело.

Спортските портали (по азбучен ред):

Екипа, Гол, Дерби, Макфудбал, 24Фудбал, Кош, 24Ракомет, Спорт 1, СпортМ, Спортманија, Спортспорт, Спортски и Суперспорт.

Со свој потпис ставот го споделуваат и порталите на македонските телевизии (по азбучен ред):

Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма.

Покрај наведените 46 портали, Здружението Онлјанмедиа.мк очекува кон ставот да се придружат и други портали, чии сопственици или претставници од објективни причини не беа во можност да присуствуваат на состанокот одржан на 20 мај, во просториите на Здружението на новинарите на Македонија.