Реклама

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Македонија

Агелер: Тркалезната маса за Уставниот суд – Клучен момент за судството и довербата во правдата

Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, во воведното излагање на тркалезната маса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, во воведното излагање на тркалезната маса “Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?”, која се одржа во Уставниот суд, нагласи дека ова е клучен момент за судството и за граѓаните на Македонија. Таа ја истакна важноста на транспарентноста во судството, која не само што гради доверба, туку и ја зајакнува независноста на судиите.

Агелер ја поддржа работата на судството и рече дека Законот мора да работи во полза на граѓаните. Таа исто така посочи дека оваа дебата е важен почеток за обнова на довербата во судските институции, што е клучно за функционирањето на демократијата во Македонија.

Во текот на дискусијата, претседателката, Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, евроамбасадорот Михалис Рокас и германската амбасадорка Петра Дрекслер, исто така ја нагласија важноста на овој момент. Тркалезната маса се фокусираше на потребата од донесување посебен Закон за Уставниот суд, со цел да се подобри неговото работење и зголеми транспарентноста.

Реклама

Представниците на правната струка, како и граѓанските организации, ги изнесоа своите ставови и предлози во однос на потребата од нови законски регулативи кои ќе ја гарантираат независноста и правдата во судскиот систем.