Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Македонија.

Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа.

Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за судијата Африм Фидани посочија дека не сметаат дека е истакнат судија, но, имал конкретен акционен план со точно утврдени временски рамки кои се во насока да се подобрат состојбите.

Реклама

Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година.

Согласно кратката биографија објавена на веб-страната на судот, по завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година Фидани се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет.

Во 1989 година дипломира на Правниот факултет. Работно искуство: Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни. Од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд на Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи. Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште. Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар. Од 18.07.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.