Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Брзината за широкопојасен интернет за секој краен корисник, кој е дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзината за широкопојасен интернет за секој краен корисник, кој е дел од универзалната услуга, да се зголеми од сегашните минимални 12 Mbps на 30 Mbps, предлага  Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), која отвори јавна расправа во пресрет на плановите за објава на тендер за избор на нови даватели на универзалната услуга.  

Предмет на јавната расправа се нацрт-документите: „Анализа на брзината на пренос на податоци за ефикасен пристап на интернет како дел од услугите опфатени со универзална услуга“ и „Правилник за измена и дополнување на правилникот за обезбедување услуги опфатени со универзална услуга“. За овие нацрт-документи сите заинтересирани субјекти може да достават мислења и забелешки најдоцна до 13 април.

Според АЕК, ваквиот начин за дефинирање на услугата пристап до интернет и обезбедување на услугата широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга ќе доведе до намалување т.н. дигитален јаз помеѓу определени урбани и рурални подрачја во државата. 

Реклама

Агенцијата смета дека предложената брзина би помогнала во процесот на обезбедување овој вид услуга од страна на операторот или операторите што ќе бидат избрани за даватели на универзалната услуга, со што директно ќе се помогне процесот на квалитетно обезбедување на онлајн-сервисите во руралните средини и во оние средини во кои има послаба интернет-врска.

Во согласност со член 93 од Законот за електронските комуникации, давателот на универзална услуга на поврзаниот корисник на јавна комуникациска мрежа на фиксна локација треба да му обезбеди услуги за говор, факсимил и пренос на податоци со брзина доволна да се обезбеди ефикасен пристап на интернет. 

Зголемувањето на пристапната брзина до интернет-услугите обезбедени преку широкопојасен пристап на интернет е во главните таргет-цели дефинирани во Националниот оперативен бродбенд-план. Со нив се предвидува до крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г-сигнал, а до крајот на 2029 година секој да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps. Исто така, до крајот на 2029 година најмалку 50 проценти од вкупниот број претплатнички договори на домаќинствата во целата држава да бидат за пристап до интернет од најмалку 100 Mbps, а сите домаќинства по прифатлива цена да имаат можност за пристап до мрежа што овозможува брзина за преземање (download) од најмалку 100 Mbps со можност за надградба на гигабитна брзина. Поставена е цел и сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни и здравствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други државни органи и тела) да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1 Gbps.

Договорите со сегашните оператори за обезбедување на универзалната услуга истекуваат на почетокот на следната година, а се склучуваат во времетраење од пет години.