Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Адвокатот Менкиноски не се чуствува виновен за истакнување на знамето од Кутлеш, чека пресуда од Охридскиот суд

Се чувстувам гордо што го истакнав знамето со сонцето од Кутлеш,бидејќи тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се чувстувам гордо што го истакнав знамето со сонцето од Кутлеш,бидејќи тоа е културно и национално обележје на македонците-истакна во завршното обраќање пред судот адвокатот Тони Менкиноски, кој се најде на обвинителна клупа затоа што за време на христијанскиот празник Водици го постави 40 метарското знаме на бедемот од Самоиловата тврдина кај Долна Порта.Без оглед на одлуката на судот, ќе продолжам да го истакнувам знамето и во иднина ќе работам тоа да се врати како државно знаме на Република Македонија-додаде тој.

  • „Она што е многу важно и што сметам дека македонската јавност треба да го слушне,јас не се чувствувам за виновен дека сум го истакнал македонското знаме, бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту на еден закон.И да е спротивно јас му кажав на судијата, пак ќе го истакнам бидејќи тоа знаме е знаме на културно и национално обележје на нас македонците.”-рече адвокатот Тони Менкиноски

Но Менкиноски не единствениот кој беше обвинет за истакнување на знамето со16-кракото сонце. Полицијата поведе прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир и против охриѓанецот Александар Ѓурчев,затоа што лани на 27-ми април беше еден од присутните кои во знак на поддршка на уставобранителите,обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок,на истата локација, го постави знамето.Менкиноски обзнани дека поради недостаток на аргументи судот донел ослободителна пресуда за Ѓурчев. Ова е прва ослободителна пресуда, бидејќи нема како да не осудат,вели Менкиноски.

  • “Јас како Тони Менкиноски и многу луѓе исто како мене кои веруваат во македонската кауза и сметаат дека е жива,ќе се потрудат и додека се живи да го вратат ова македонско знаме како државен симбол на државата Македонија”-истакна Менконоски.

Нас ни е целта да извојуваме победа ,македонското сонце од Кутлеш да се вее слободно над секој кој себеси се идентификува како македонец.Не смееме вели Менкиноски,да дозволиме да стане пракса да ни забранат да го истакнуваме ова сонце.

Реклама

Росица Голабоска