Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

а.д. „д-р Пановски“ ги демантира тврдењата на Драган Павловиќ – Латас

Во врска со неоснованите обвинувања и клевети упатени на наша адреса, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со неоснованите обвинувања и клевети упатени на наша адреса, а во интерес на објективното информирање на јавноста, сметаме дека е неопходно да укажеме на следното:

АД „Д-р Пановски“ Скопје, како корпорација, никогаш немала ниту амбиција, ниту потреба да биде дел или, пак, на било каков начин да се обидува да влијае врз политичките процеси во Македонија. Ние сме приватна компанија основана пред повеќе од 30 години и во овој период се смениле повеќе различни владејачки и опозициски гарнитури. Оттука, обидот да бидеме етикетирани како блиски до некоја политичка партија, во конкретниот случај со СДСМ, го сметаме за непосредно загрозување на темелните вредности на македонскиот Устав, како што се „правната заштита на приватната сопственост“ и „слободата на пазарот и претприемништвото“. Фактот дека обвинувањата и клеветите за наводен криминал на АД „Д-р Пановски“ и тврдењата за конекции со СДСМ доаѓаат од долгогодишен новинар, уредник во влијателни медиуми, ги доживуваме и како директна закана, за што ќе ги информираме соодветните меѓународни институции. Уште повеќе што, на еден крајно клеветнички и приземен начин, АД „Д-р Пановски“ без никаков основ се посочува како директен виновник за одредени активни правосудни постапки поврзани со јавното здравство, каде што се третираат најтешко болните пациенти. Ваков брутален напад е многу опасен преседан, за кој треба да бидат загрижени сите македонски компании. Со ваков неодговорен пристап се креира правна несигурност, што е недозволиво за држава која е полноправен член на НАТО Алијансата и претендент за полноправно членство во ЕУ. Апсолутна невистина се обвинувањата дека АД „Д-р Пановски“, за времето на мандатот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, имал било каква привилегија или бенефит поврзан со зградата на „Пелагонија“ во центарот на Скопје, а камоли да наплати 3,5 милиони евра. Напротив, заради одредени погрешни и неодговорни постапки поврзани со посочената зграда „Пелагонија“, се води судски спор. Конечно, наша обврска е да го заштитиме нашиот корпоративен имиџ, бидејќи ваквите напади ни причинуваат сериозна нематеријална и материјална штета. Имајќи предвид дека Драган Павловиќ Латас ги изнесе обвинувањата кон АД „Д-р Пановски“ како гостин на вашиот ценет и влијателен медиум, во интерес на професионалното и објективно информирање на јавноста, сметаме дека треба да го објавите овој демант. Воедно, истиот да биде пласиран со соодветно внимание и видливост, во термин кој кореспондира со ударното време во кое беа изнесени наведените невистини.