Реклама
Македонија

„Јавноста ќе биде шокирана, но позитивно–МВР не се откажува од гонење на криминалот во случајот „Мазут“

МВР не се откажува од гонење на милионскиот криминал во случајот „Мазут„,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР не се откажува од гонење на милионскиот криминал во случајот „Мазут„, една од најголемите афери врзана за минатата власт. Министерот Тошковски најавува шокантни докази за начинот на кој бил извршен криминалот со набавката на мазутот во ТЕЦ Неготино, кој обвинителката Катерина Коларевиќ го амнестираше со лесното затворање на истрагата.

„Затоа што знам некои докази коишто вие не ги знаете. И не може да ги знаете. А јас ги знам заради тоа што морам да ги знам. И ќе бидете шокирани и Вие и целокупната македонска јавност кога ќе дојде време да бидете шокирани. Ама позитивно. И тврдам дека ќе дојде тој ден“, вели Тошковски.

Обвинителката Катерина Коларевиќ, на брифинг со новинарите, кажа дека доказите прибрани во истрагата не оделе во прилог на поднесување обвинение кое би опстојало на суд. За неа, по пред-истрага од повеќе од година дена, во која собрани се 200 докази, немало ништо што укажувало на злупотреба на 160 илиони евра народни пари. Клучно за да ја затвори истрагата било тоа што актуелни претставници на ЕСМ дале искази, а во нив немало сомневање за злоупотреби на набавките.

Реклама

Но дали е така? Тошковски не само што најави шокантни докази кои набргу јавноста ќе ги види, туку најави дека од тоа што видел во доказите не смее да се дозволи случајот да пропадне и да нема судење и кривично санкционирање.

Заради тоа што за вакви дејствија ако ние оставиме така да се затворат, тогаш јас не треба да го работам ова што го работам во моментов. Нити па било кој од тие коишто работат во рамки на Министерството за внатрешни работи и особено во Јавното обвинителство треба да се таму каде што се. Треба да си одат од таму. Треба да дојдат некои нови, ако за овој предмет со тие докази што јас ги имам видено лично, остане вака приказната каква што е“, вели Тошковски

Иако обвинителството тврдеше дека нема штета, раководтсвотио на ЕСМ вложи жалба на одлуката на Коларевиќ до Вишото обвинителство тврдејќи го спротивното. Ова ја отвара можноста обвинителството да ја „воскресне“ истрагата.

Затворањето на овој случај предизвика лавина рекации во јавноста. Премиерот Мицкоски вината за затворањето на истрагата  ја виде во првиот човек ОЈО ГОКК, Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајаз, со оглед на тоа што во случајот осомничен беше синот на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски.

И министерот за правда Игор Филков, пак, рече дека ваквите одлуки ја подриваат довербата во правосудството и го повика Обвинителството да ја преиспита одлуката.

Инаку овој случај во јавноста беше претставен како типичен пример на висока корупција. Бизнис интереси на пратеници од ДУИ и високи функционери од СДСМ се поврзани со тендери за набавка на мазут од вртоглави милионски суми.

Во случајот, според првичните наводи на Обвинителството биле проневерени 167 милиони државни евра преку злоупотреби со јавни набавки на мазут за ТЕЦ  Неготино за време на енергетската криза од 2021 до 2023 година. Осомничени беа и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој избега од државата, бизнисменот, Ратко Капушевски, како и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Асмир Јахоски за овој предмет беше во куќен притвор, но потоа излезе со кауција.

Од овој случај, жива остана само истрагата за загадување од мазутот којашто се уште е во тек.