Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Истрага по големиот пожар во Радовиш – огнот е целосно изгаснат

По повеќе од шест часа драматична борба со огнената стихија, пожарот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од шест часа драматична борба со огнената стихија, пожарот во поранешната текстилна фабрика „Декор Текс“ во Радовиш е целосно изгаснат. Пожарникарите  со помош на колеги од Струмица, влегле директно во пламените јазици за да спречат уште поголема катастрофа…Огнот брзо се ширел поради големото количество запалив материјал и машини во магацините, а густ чад и високи пламени јазици го покрија целиот реон. Неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници. За време на пожарот немало вработени во погонот. Според командирот на противпожарната служба, борбата со огнената стихија не била воопшто лесна.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а надлежните најавија дополнителна истрага за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Поранешниот текстилен гигант во Радовиш – „Декортекс“ важеше за голем индустриски комплекс со производствени хали и магацини, познат по производство на ткаенини, теписи и мебел-штофови. Фабриката сега функционира, но под друго име.. и произведува ткаенини за мебел, домашен декор  и теписи.