Реклама
Македонија

Димитриеска – Кочоска: Делото на Свети Кирил и Методиј потсетува дека знаењето, образованието и писменоста се двигатели на општествениот развој

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, изразуваме длабока почит кон делото на браќата кои ја поставија основата на словенската писменост, образование и духовна традиција. Нивната визија и просветителска мисија претставуваат трајна вредност и силен темел врз што се гради културниот и националниот идентитет на македонскиот народ и на сите словенски народи, напиша министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска на Фејсбук.

Таа додаде дека делото на Свети Кирил и Методиј нè потсетува дека знаењето, образованието и писменоста се двигатели на општествениот развој, напредокот и иднината на секоја држава.

– Со почит кон нивното историско и цивилизациско наследство, остануваме посветени на унапредување на образованието, науката и создавање можности за идните генерации. Нека е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј – порача министерката во објавата.