Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Андоновски: Влашката заедница е нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на Македонија

Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата држава, бидејќи преку чествувањето на една заедница се потврдува духот на Македонија како мултиетничка држава на соживот, меѓусебно почитување и разбирање, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Тој, како што соопшти Министерството за дигитална транформација, упатил честитки до припадниците на влашката заедница и истакнувајќи го нивниот значаен придонес во историскиот, културниот и општествениот развој на државата.

-Влашката заедница е нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на Македонија. Со генерации, Власите даваат силен придонес во економијата, образованието, културата, уметноста, науката, трговијата и јавниот живот – истакнал Андоновски.

Реклама

Министерот потсетил и на значајната улога на Власите во историските процеси и борбата за самостојност, независност и идентитет, посочувајќи дека Македонија не смее да ги заборави своите Власи кои се вткаени во нејзината историја.

Во обраќањето, Андоновски порачал дека мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на државата треба да биде дел од секојдневната политика, институционална обврска и јасна определба на секоја одговорна власт.

-Како Влада, остануваме посветени на принципот дека граѓанинот е во центарот на нашите активности. Ја градиме Македонија како дом за сите нејзини граѓани – дом во кој никој не е заборавен, никој не е ставен на страна и никој не е помалку вреден поради својот јазик, етничка припадност, култура или традиција – нагласил министерот.

Тој додал дека почитувањето на заедниците не е само културно прашање, туку прашање на демократија, стабилност и европска зрелост. Според него, европската иднина на државата не се темели само на формални процеси, туку и на вредности, меѓу кои еднаквото достоинство на сите граѓани, заштитата на културното наследство и почитувањето на различностите.

Министерот Андоновски изразил благодарност до претставниците на влашката заедница, здруженијата, културните работници, професорите, уметниците и активистите кои придонесуваат влашкото наследство да се зачува, развива и пренесе на следните генерации.

-Државата е посилна кога секоја нејзина заедница е почитувана, видлива и активна. Нека Националниот ден на Власите биде потврда дека различностите не нè делат, туку нè збогатуваат, порачал Андоновски.

На крајот од своето обраќање, министерот го честитал Националниот ден на Власите и на влашки јазик: „Ti multsã anji dzua natsionalã a Armãnjilor“ – Ви го честитам Националниот ден на Власите“, се додава во соопштението.