Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија

Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова. 

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број регистрирани Македонци како кај нас Бугари. Мене ме чуди, посочи таа, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто.

Таа нагласи дека зборува за бројка од 1.350, оти, подвлече, „она врзано со чувствата не го разбира“.  – Правнички можете да стекнете државјанство само на три начини: преку родители, преку раѓање или со натурализација“ . Четвртиот, бугарскиот, е непознат. Бидејќи тоа значи да изразите на лист хартија чувства дека не само вие имате бугарски чувства, туку и вашите имале. Значи, државјанство преку родители може да добиете ако вашиот родител бил државјанин на Бугарија или ако живеел и се родил во Бугарија. Е како сега таа бројка од која секогаш се шокираат Европјаните, бидејќи велат дека влегуваат илегално луѓе или преку вакви државјанства, не е зачудена, рече Сиљановска Давкова. 

Реклама

 Многу чудно е, дополни таа, што во одговорот на Комитетот за министри, којшто бара од Бугарија признавање на тој факт од 1.320 мислам беше, иако јасно ни е дека таа бројка е фиктивна, дека далеку повеќе има, одговараат бугарската министерка, претседател, премиер дека бројот е занемарлив и апсолутно нема потреба од вклучување на Македонците во телото за заштита на малцинствата, ниту пак од уживање на статусот којшто го имаат останатите. И па сега мене ме чуди, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто. Згора, колку е логично некој да вели дека вие не постоите, не ве признава, онаа теза што ја слушам дека „јазикот е признат“. Не е точно дека е признат. Во секој документ стои под фуснота дека Бугарија не го признава македонскиот јазик, рече шефицата на државата. 

Според неа, македонски граѓани бараат пасоши и во други држави, не се откажуваат од македонското државјанство, секогаш првото е примарно, туку одат од економски причини. За тоа што голем број македонски граѓани имаат бугарски пасоши, вели дека вина имаме како држава.

– Да, имаме вина. Јас на нашите научници, професори, студенти во Словенија им се извинив што не ги сме ги препознале нивните квалитети, а Словенија тоа го сторила и станала нивна втора држава, како што викам јас. Голема одговорност имаме и сериозно треба да размислиме за најдобрите, најевропските, оти тие се секаде посакувани, а најмногу во соседството, рече Сиљановска Давкова.