Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено. 

– Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма. Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат „државна тајна“. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа? Значи, не постои основ. Затоа и се чудам кога ќе видам разузнавачи дискутираат како сум била во опасност, безбедноста била во опасност заради шпионажа, рече Сиљановска – Давкова.

Вели дека веднаш штом дознала дека има укажување од еден од вработените за упад во компјутерот исконтактирала со Министерството за внатрешни работи. 

Реклама

Претседателката е шокирана и од постапката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое, според неа, не го почитува членот 289 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека сите дејствија во предистрагата се тајна. 

– Шокирана сум од Јавното обвинителство. Рековте предистражна постапка, а не постапка. Важи ли членот 289 од Законот за кривична постапка за Јавното обвинителство? Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се тајна. Како тоа Јавното обвинителство комуницира преку медиуми и раскажува како и на кој начин контактира со Министерството за внатрешни работи? Згора на тоа, слушам една лаичка интерпретација на членот 8 од Законот за јавно обвинителство, каде што се вели дека Јавното обвинителство почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, приватен живот, достоинство, слобода на медиуми, правично судење, интегритет и така натаму, како и принципот на отвореност – веројатно од тоа се инспирира – ја информира јавноста за одделни случаи по кои и постапува. Немаме случај ние. Во предистражна постапка нема случај, истакна Сиљановска-Давкова.