Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Сиљановска Давкова: Преферирам полноправно членство во ЕУ, но може да се видат алтернативите и на кого се однесуваат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во став за иницијативата на германскиот канцелар Мерц…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во став за иницијативата на германскиот канцелар Мерц за забрзување на пристапниот процес на Украина и за земјите од Западен Балкан,  истакна дека преферира полноправно членство, но, како што изјави, ако се рече дека нема веќе полноправно членство, а треба некако да бидеме во контакт, или во кондиција, или во соработка, може да се разговара и да се види што значи тоа“. 

Сиљановска Давкова вечерва посочи дека „предлозите, креативни, различни, не доаѓаат само заради профилот на земјите кандидатки од Западен Балкан или Молдавија и Украина, туку доаѓаат и од внатрешни потреби“. Бидејќи, дополни, и ЕУ е соочена со потреби од реформи, не само заради поголемиот број на членки и посложениот процес на одлучување, туку и заради светските состојби, и тогаш внимателно се постапува.

– Предлогот на господинот Мерц не е нов, само што има нова синтагма – има „асоцијативно членство“. Да потсетам, едно време истото го слушавме од госпоѓата Меркел во поглед на Турција, ако се сеќавате, околу асоцијативното членство. Доколку се мисли на тоа дека во овој миг на нужни реформи и во ЕУ, ама и во една непредвидлива политичка сцена, е важно сите кандидати кои исполнуваат определени услови на патот кон ЕУ, врзани како за Планот за раст, треба на некаков начин да бидат блиску до ЕУ, да не останат надвор, да бидат во игра, да бидат во кондиција во надградувањето и исполнувањето на копенхашките критериуми, се разбира може да се размислува за тоа. Меѓутоа, многу рано е. Не е само предлогот, ако се сеќавате, сега од господинот Мерц, имаше и многу други предлози, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Реклама

Прашана дали за Македонија е прифатлива друга алтернатива, освен полноправно членство во Европската Унија посочи дека тоа не зависи  само од нас туку и од предлагачот. 

– Не би можела да ви кажам во моментов, бидејќи не зависи од нас – „прифаќам“ или „не прифаќам“. Зависи и од предлагачот. Значи, јас преферирам полноправно членство, зашто на тој пат сме тргнале за полноправно членство. Но, ако се рече дека нема веќе полноправно членство, а треба некако да бидеме во контакт, или во кондиција, или во соработка, може да се разговара, да се види што значи тоа, рече Сиљановска Давкова. 

Според неа, треба да се видат алтеранативите и на кого се однесуваат. 

–  Не сакам да бидеме „ние“ исклучокот, рече претседателката Сиљановска Давкова.