Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши   

Државно-црковна делегација на Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државно-црковна делегација на Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Рим ќе му оддаде почит на св. Кирил во рамките на традиционалната манифестација посветена на сесловенските просветители. 

За време на престојот во Италија, претседателот на парламентот, Гаши, денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај папата Лав XIV и средба со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол.

Поклонението во чест на св. Кирил ќе биде утре во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што свештенослужители на Македонската православна црква, предводени од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ќе одржат молебен на гробот на светителот и творец на словенската писменост. 

Реклама

Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гаши ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик. Таа е поставена во 2015 година како благодарност од македонскиот народ за гестот на папата Адријан Втори, кој во 868 година во оваа базилика ги осветил словенските книги што во Рим ги донеле браќата Константин (Кирил) и Методиј. Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск, кој почина минатата година.

Манифестацијата во чест на св. Кирил во Рим ќе заврши со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ во салата „Хорти Салустиани“. 

Во делегацијата предводена од Гаши се пратениците Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Даниел Стојчевски и Беким Ќоку, претставник од Владата е министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во црковната делегација, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, се митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, заедно со отец протојереј ставрофор Зоран Стојанов, претставник од Католичката црква. 

Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата „Св. Богородица“ во Скопје. 

Чествувањето со разни манифестации продолжува до денес, а меѓу нив централно место има поклонението на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“ (Сан Клементе) во Рим. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. 

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година е државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.