Реклама
Македонија

Албанскиот амбасадор повикан во МНР, упатен устен демарш поради јавни изјави

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска бил повикан вонредниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Албанија во Македонија, Денион Меидани, на кого му бил упатен устен демарш. Според информациите, на средбата присуствувал неговиот заменик, кому му биле пренесени забелешките во врска со неодамнешните јавни изјави на амбасадорот.

Како што дознаваме, од македонска страна било посочено дека дел од изјавите се движат на границата меѓу вообичаената дипломатска комуникација и можно мешање во внатрешните прашања на земјата-домаќин.

На состанокот било нагласено дека идните јавни настапи и комуникација треба да бидат во согласност со добрите билатерални односи, меѓусебното почитување и дипломатските стандарди и практики.