Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Отворена предистрага за сомневање за шпионажа во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

ОЈО ГОКК денеска потврди дека отворило истрага заради сомнежи за шпионажа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ОЈО ГОКК денеска потврди дека отворило истрага заради сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова

– ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвори предистражна постапка и веднаш ги презеде сите неопходни мерки и активности во согласност со своите законски надлежности – наведуваат од Обвинителството.

Во рамките на постапката, се додава, до Основниот кривичен суд беше доставено барање за издавање наредба за пребарување компјутерски систем со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истовремено, беа издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални компјутери и од лаптопи доставени до МВР од Кабинетот на претседателката.

Реклама

Дополнително, до Кабинетот на претседателката беше упатено барање за доставување копии од видеозаписите од безбедносните камери поврзани со пријавениот настан за периодот во кој тој се случил.

На 30.12.2025 година до МВР –-Сектор за компјутерски криминал, како надлежен орган за откривање кривични дела и обезбедување докази, се наведува понатаму, беше доставена наредба за анализа на екстрахираниот доказен материјал.

– На почетокот на 2026 година, по добиено известување дека Кабинетот на претседателката не располага со копии од видеонадзорот бидејќи опремата е набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР, предметниот јавен обвинител се обрати и до СОЗР и до МВР за нивно итно обезбедување. Од СОЗР беше добиено известување дека институцијата не располага со видеозаписи, туку дека нивната надлежност се однесува исклучиво на набавка на опремата, а чувањето и располагањето со копиите од записите е во надлежност на МВР. И покрај тоа, од страна на МВР до денес не се доставени повратни информации, ниту известување за преземени дејства во врска со обезбедувањето на копиите од видеонадзорот – посочуваат од ОЈО ГОКК.

На 16.3.2026 година, се појаснува, МВР доставило известување за некои од преземените активности, кои се однесуваат на обезбедување пристап до криптираните податоци од дотогаш екстрахираната компјутерска опрема. Воедно, до ОЈО ГОКК биле доставени и два мобилни телефони одземени од пријавениот, со барање за нивна екстракција во Истражниот центар на ОЈО ГОКК, по што веднаш била издадена соодветна наредба за постапување.

Потоа, на 25.3.2026 година, имајќи ги предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал доставил наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, била побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на претседателката со задолжение до Обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази.

– До денес, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, ОЈО ГОКК нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејства, ниту за прибраните докази – наведуваат од Обвинителството за организиран криминал.