Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Љутков: Нема укинување, туку реорганизација на културните институции, ансамблот во Тетово ќе се проширува

Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите, истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово.

Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026–2030 не се предвидува затворање на институции, туку „разумна рационализација“ на установи кои, како што рече, биле формирани во минатото без анализа, без систематизација и без обезбедени кадровски и просторни услови.

– Не ги укинуваме институциите, туку ги реорганизираме во рамки на установи каде што има потреба од кадар. Целта е да им се обезбедат подобри услови за работа -истакна Љутков.

Реклама

Министерот посочи дека процесот се однесува на вкупно 12 институции, а не само на ансамблот во Тетово, наведувајќи дека во слична состојба се и други установи, како „10 дена Крушевска Република“, Смилевскиот конгрес и Камерниот оркестар во Битола.

Во однос на вработувањата, Љутков негираше дека се стопирани, истакнувајќи дека таква негова изјава не постои. Тој појасни дека со реорганизацијата административниот и техничкиот кадар ќе се презема од Центарот за култура во Тетово, додека за уметничкиот кадар ќе се овозможи ново вработување.

-Ансамблот ќе се зголеми и ќе функционира во рамките на Центарот за култура во Тетово, каде што и припаѓа- рече министерот.

Тој додаде дека целта на реформите е да се надминат, како што рече, пропустите од минатото и да се воспостави пофункционален систем во културниот сектор, со подобро искористување на капацитетите на постојните институции.