Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Милошоски: Дали Коларевиќ поради свои интереси и насоки од Абази, кои доѓаат од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за случајот „Мазут” вреден 167 милиони евра?

Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДСМ и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДСМ во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДСМ и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со политичките номинации на владите на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Прашањето е дали затоа обвинителката Коларевиќ , за осомничени како Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и други блиски до Ахмети, Заев и Филипче, не постапувала со мотив да ја открие вистината, туку со мотив да го заташка предметот Мазут тежок 167 милиони евра.

Обвинителката Коларевиќ, која што е блиска до СДСМ и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, штетата се утврдува со економско вештачење, а не со изјава дадена од некомпетентен или поткупен сведок или вработен во ЕСМ. Ваквото селективно постапување им дава повластена позиција на осомничените Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите, а го деградира владеењето на правото.

Реклама

И самото ЕСМ во соопштение јасно кажува дека тие коишто биле испитани во постапката, не биле ниту одговорни лица, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со мазутот во ТЕЦ Неготино. Но, со прекинувањето на истрагата за овој 167 милионски евра скандал со силни индиции за перење на пари и тендерски криминал станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, но веројатно е добро подмачкано со прескап мазут.

За да имаме владеење на правото и за довербата во правосудството да биде поголема од 2%, треба и обвинителите да подлежат на професионална, на дисциплинска, па и на кривична одговорност, кога има докази за истото.

Дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои што доѓаат од врхушката на СДСМ и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопреа постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?

Јавноста има право да знае, а Советот на јавни обвинители има обврска да се позанимава со професионалното или непрофесионално работење на обвинителите Абази и Коларевиќ.