Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор што може да го даде МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР и Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР и Министерството за образование и наука координираат активности за справување со безбедносните предизвици во училиштата, при што полициски службеници и стручни лица од средните училишта веќе подолг период спроведуваат превентивни контроли и надзор на терен.

На заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на „А1 Македонија“, Методија Мирчев, Тошковски во одговор на новинарско прашање посочи дека овие активности се спроведуваат и пред неодамнешните инциденти во училиштата.

– Она што МВР го презема од аспект на превенција, многу добро знаат родителите дека полициски службеници заедно со стручни лица од средните училишта подолг временски период и пред настанување на овој инцидент што го имавме, се на терен, проверуваат, вршат прегледи во согласност со законските надлежности, го вршат оној превентивен надзор што треба да го посветиме од страна на полициските службеници на нашите најмили, дечињата – рече Тошковски.

Реклама

Во однос на најавите за вклучување на наставниците во делот на безбедноста во училиштата, министерот рече дека со министерката за образование Весна Јаневска разговарале повеќепати за можните решенија, но посочи дека тој дел е во надлежност на МОН.

Тошковски нагласи дека МВР е посветено на модернизација и професионализација на полицијата, со употреба на современа технологија, „боди-камери“, аналитичка поддршка и мобилни полициски единици.

– Кога говорам за ова, говорам од аспект на максимално професионализирана полиција со максимално добро опремени возила, кои практично би биле полициски станици во движење, со употреба на „боди-камери“, со двонасочна комуникација на таквите „боди-камери“ со команден центар, со аналитичка поддршка во живо од страна на команден центар што ќе ги насочува, упатува и дава соодветни влезни податоци за постапување на полициските службеници – рече Тошковски.

Осврнувајќи се на семејното насилство, министерот оцени дека е охрабрувачки што жртвите се охрабруваат да пријавуваат, но истовремено изрази загриженост поради зголемувањето на бројот на случаи.

– Од една страна, охрабрува тоа што жртвите веќе пријавуваат, но од друга, разочарува зголемувањето на бројката на семејно насилство. Сепак, повторувам, ние мора да сме посветени за најдобар одговор што може да го даде МВР – рече Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со контролата на приватните агенции за обезбедување кои се ангажирани во образовните институции, министерот потенцираше дека МВР врши редовни проверки при нивната регистрација, издавањето и одземањето на лиценците, како и по добиени претставки за нивното работење.

– Една од работите на МВР е да врши контрола при регистрација на агенции дали ги исполнуваат условите, сигурен сум дека она што требало да се преземе е искористено  од страна на МВР во делот на проверка на одредени компании дали исполнувале или не исполнувале услови за да се стекнат со лиценца, е сега дали тие постапувале секогаш во согласност со оние права и должности што ги имаат, дали не прекршиле, дали исполниле услови за одземање, тоа е друго прашање. Има и такви ситуации, но секако дека МВР по добиени информации, дали по претставка или допрен глас, ќе си го преземе она што е наша надлежност – рече Тошковски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: