Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Кампања за безбедност во сообраќајот: „Неодговорениот повик“ како предупредување и најави за построги мерки на МВР

Никогаш неодговорен телефонски повик. Ова е епилогот по тешка сообраќајна несреќа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никогаш неодговорен телефонски повик. Ова е епилогот по тешка сообраќајна несреќа со жртви. Токму тоа е пораката на новата кампања на Министерството за внатрешни работи и мобилниот оператор А1. Откако Македонија беше преплавена со билборди, над 20.000 граѓани свртеле на испишаниот број 078/274-283.

За тешките незгоди неретка причина е и користењето на мобилните телефони.

  • „Беше специфично и морбидно она што го спроведовме, но тоа беше и целта. Она што за полицајците и докторите е секојдневие по сообраќајна незгода во Македонија, да биде момент кој ќе допре до секој граѓанин кој ќе се јави на овој број а нема да добие повратен одговор“ рече Тошковски.

Кампањата ќе продолжи и натаму, велат од А1, од каде посочија дека на телефонскиот број не вртеле само нивни корисници.

Реклама
  • „Преку оваа иницијатива сака да поттикне реална промена во однесувањето и поголема свесност за важноста на вниманието во сообраќајот“ рече главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев.

Наделжните велат дека „Сејф сити“ покажува конкретни резултати, и сега се е фокусирани на имплементација и во другите градови. Но во следниот период системот ќе се унапредува и ќе се зголеми бројот на прекршоците кои ќе се детектираат.

  • „Во делот на погрешно паркирање, тоа ќе е една од првите фази кои ќе бидат имплементирани. Тука ќе бидат вклучени повеќе институции, бидејќи е многуброен прекршок, не сакаме, при нецелосно утврдени правила на игра, да имаме казнување на граѓаните. Затоа сме внимателни во овој дел. До тогаш ќе се санкционираат главните улици во Скопје“, изјави министерот.

Во периодот што следи најавени се засилени контроли и строги мерки против моторџиите кои дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила.

  • „Ова не се однесува на тие кои возат со кацига, со соодветна брзина… А најавувам за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвена, го дигаат на едно тркало, и мислат дека ‘Сејф сити’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини. Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, изјави Тошковски.

МВР ја анализира законската регулатива за електрични тротинети, и се размислува за рестрикции и за управувањето од малолетници. Заострување на законите ќе има и за нив согласно европските практики.