Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се одржат, СДСМ е во идентитетска криза и паника од прашањето за предвремени избори

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за можноста од евентуални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за можноста од евентуални предвремени избори, при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив кога и да се одржат во согласност со анкетите што укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, а државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на кои е посветена Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека како Влада имаме навистина стабилно мнозинство и една стабилна коалиција, посветени сме на реализација на владината програма, на она што значи наше ветување пред граѓаните. Ако го гледаме нашиот теснополитички интерес како ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека можеби би одлучиле и веќе утре да имаме избори во согласност со состојбите и анкетите кои покажуваат несомнена доверба што ја имаме“ рече Митева и додаде:

„Но ако гледаме пошироко и ако го гледаме државниот интерес, не ценам дека треба државата да ја воведеме во еден нов изборен циклус, кој навистина ќе изискува и време и финансиски средства. Ова е година во која навистина ќе имаме сериозни инвестиции, една реформска година и сметам дека бевме јасни дека треба да имаме редовни избори. Сепак, без разлика кога и да се одржат, ние сме подготвени за тоа“.

Реклама

Митева се осврна и на очигледната неподготвеност и на паниката што владее кај опозицискиот СДСМ во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори во согласност со идентитетската криза во СДСМ и однесувањето што тие го презентираат во јавноста.

„Жалам што не можам да го видам тоа од страна на опозицискиот СДСМ. Јас не гледам дека се подготвени, ниту се кадровски екипирани ниту, пак, имаат визија, програма, нешто што ќе понудат. Ценам дека во СДСМ има идентитетска криза и повеќе од очигледно е дека има сериозна паника во однос на делот дали би имало или би немало предвремени избори. Гледате, не поддржаа ни укинување на техничката влада за која велеа дека таа би требало да се укине. Излегуваат од работни групи за закони што се дел од реформска агенда, а од друга страна, држат прес-конференции на кои велат дека тие се за Европската Унија и за европска Македонија“, заврши Митева.