Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

МОН со поддршка од „Македонски Телеком“ етапно ќе воведува дигитални свидетелства

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година учениците од прво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година учениците од прво до трето одделение првпат ќе добијат и дигитални свидетелства, соопшти Министерството за образование и наука. Проектот е поддржан од„ Македонски Телеком“ и, како што велат од МОН, е резултат на заложбите за  дигитализација на образованието и значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата.

-Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на документот во секое време. Продолжуваме да ја дигитализираме образовната сфера. Задоволна сум од интензитетот на овој процес, затоа што речиси сите постапки за остварување на права и услуги се поедноставени и се реализираат по електронски пат. Преостанува уште уписот во високо образование, а со воведувањето на дигиталните свидетелства, се отвора можност за остварување и на оваа цел, изјави министерката Весна Јаневска за време на денешната посета на „Македонски Телеком“.

МОН соопшти дека „Македонски Телеком“ донираше електронски потписи за сите 368 основни училишта во земјава со што ќе се овозможи поедноставна, побрза и поефикасна реализација на процесот на издавање дигитални свидетелства.

Реклама

Горан Марковиќ, главен извршен директор на „Македонски Телеком“, изјави дека .дигитализацијата на образованието е една од најважните инвестиции во иднината на државата.

-Денешните ученици се генерации што ќе живеат, учат и работат во целосно дигитален свет и затоа е важно да создадеме современ, ефикасен и достапен образовен систем. Како лидер во дигиталната трансформација, „Македонски Телеком“ има одговорност активно да ги поддржува процесите што носат долгорочни придобивки за општеството. Со обезбедувањето електронски потписи за сите основни училишта, придонесуваме кон побрза, поедноставна и поефикасна дигитализација на образованието и остануваме силен партнер на институциите во создавање модерни услуги за младите генерации, изјави  Марковиќ.

МОН во соопштението посочува дека со воведувањето на дигиталните свидетелства учениците и нивните семејства ќе имаат полесен и побрз пристап до документите, а училиштата ќе добијат поефикасен административен процес и трајна електронска архива.

-Секое дигитално свидетелство останува во трајна електронска архива и по потреба и на барање на ученик или неговото семејство, може да биде отпечатено од страна на училиштето. Во следните години дигиталните свидетелства постепено ќе се воведуваат и за учениците од повисоките одделенија, информира Министерството за образование и наука.