Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано, а барањата за промена на Уставот надвор од европското acquis се несоодветни

Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју за Македонското радио ја оцени својата работа како успешна во зацврстување на меѓународната видливост на земјата, интегритетот на институцијата и директната комуникација со граѓаните.

„Мислам дека многу работи се движат или се придвижија“, истакна претседателката, посочувајќи дека станала видлива во меѓународните односи, делумно и поради нејзиното долгогодишно искуство во европските институции уште од 1996 година. 

Таа го спомена зацврстувањето на интегритетот на претседателската институција преку телата во нејзина надлежност, повторното отворање на Народната (отворена) канцеларија на 14 мај, соработката со Младинскиот совет и успешната конференција „Македонија 2025“.

Реклама

Главен фокус – евроинтеграциите и бугарското вето

Најголем дел од интервјуто претседателката го посветува на македонските евроинтеграции и наметнатиот билатерален проблем со Бугарија. 

Таа категорично ги отфрли обвинувањата дека „им држи лекции“ на европските претставници, нагласувајќи дека само укажува на двојните стандарди и на потребата од почитување на Копенхашките критериуми и основните вредности на ЕУ.

„Водена од националниот интерес, ама и од правото и правдата, јас само укажувам на неодржливоста на односот кон нас, односно на двојните стандарди“, рече Сиљановска-Давкова. 

Таа се повика на Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права и практиката на Европскиот суд за човекови права, потсетувајќи дека ЕУ треба да го почитува националниот и културниот идентитет на народите. 

Претседателката посочи дека прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано и дека барањата за промена на Уставот надвор од европското acquis (правна тековина) се несоодветни.

„Ние ги исполнуваме малцинските права над стандардите на многу земји членки на ЕУ“, додаде таа, спомнувајќи дека Франција и Грција не ги потпишале клучните конвенции за малцинства.

Преспанскиот договор и „pacta sunt servanda“

Сиљановска-Давкова повторно ја потврди својата позиција дека Преспанскиот договор бил спротивен на меѓународното и на македонското право, но истакна дека веќе е реалност. 

Сепак, таа нагласи дека договорот јасно го потврдува постоењето на македонскиот народ со своја историја, култура и јазик, што ја оправдува употребата на името Македонија.

„Нема логика ако е pacta sunt servanda, вие треба да бидете сервус… Од нас се бара да градиме со соседот единство на сличности, а секој има право на историја по свое“, рече претседателката.

Таа изрази задоволство што некои европски претставници, како новиот претседател на Европскиот совет Антонио Кошта, кој во Софија зборуваше за потреба од гаранции за земјава, ја препознаваат потребата од гаранции за Македонија.