Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски за случајот со ТЕЦ „Неготино“: АД ЕСМ најави жалба, очекувам тој да биде вратен на повторно разгледување, ако не, ОЈО ГОК ќе го изгуби кредибилитетот

Премиерот Христијан Мицкоски е изненаден од одлуката за стопирање на случајот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е изненаден од одлуката за стопирање на случајот за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“, но, како што рече, има информации дека штом АД ЕСМ ќе ја прими одлуката, ќе ја обжали, по што се надева дека случајот ќе биде вратен на повторно разгледување. 

– Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави дека штом ќе ја добие одлуката, ќе вложи жалба. Очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на повторно разгледување и повторна анализа – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Ако тоа не се случи, рече премиерот, тогаш навистина Обвинителството за гонење организиран криминал ќе го изгуби својот кредибилитет.

Реклама

– Ова ОЈО ГОК, предводено од Ислам Абази, сме го коментирале, немам што дополнително да кажам. Јавноста знае за каков обвинител станува збор. Исто така, сакам да кажам дека во текот на вчерашниот ден јас разговарав и со јавниот обвинител Ненад Савески, кој ме информира дека не бил информиран за оваа одлука на ОЈО ГОК. Претпоставувам дека по вложената жалба од страна на АД ЕСМ, случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање – рече премиерот Мицкоски.