Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Димитриевски: ЗНАМ останува доследен на реформите, стабилноста и враќањето на довербата во институциите

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и градење систем во кој граѓаните повторно ќе имаат доверба, но потенцираше дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал и одржувал со децении, се вели во соопштението од ЗНАМ.

„Ние не сакаме да ги практикуваме методите од минатото и да вршиме политички притисоци врз судството и обвинителството. Нашата определба е институциите да бидат независни, професионални и да работат исклучиво согласно законите и интересите на граѓаните. Потребно е време за да се демонтира систем кој со години бил поставуван на погрешни основи, но важно е што процесот е започнат и што постои јасна политичка волја за вистински промени“, истакна Димитриевски.

Претседателот на ЗНАМ нагласи дека движењето останува стабилен, одговорен и конструктивен партнер во Владата, изразувајќи задоволство од работата на министрите од редовите на ЗНАМ и посочи дека токму во ресорите јавна администрација и правда се подготвуваат и отпочнуваат значајни реформски процеси кои се дел и од европската реформска агенда на државата.

Реклама

„Нашите министри не работат за дневнополитички маркетинг и краткорочен ефект. Работат на суштински, системски и стратешки реформи кои треба да обезбедат функционална администрација, ефикасна правда и институции што ќе им служат на граѓаните. Резултатите од тие процеси ќе бидат видливи во периодот што следува“, посочи Димитриевски.

Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Димитриевски оцени дека во овој момент на Македонија ѝ се потребни политичка стабилност, институционална функционалност и целосен фокус кон економијата, инвестициите и реалните потреби на граѓаните.

„Дали ќе бидат изборите следната година, редовни или утре, ние сме подготвени активно да учествуваме, бидејќи тоа претставува контрола и проверка за нас како нов политички субјект – како се движиме на политичкиот простор и колку сме реализирале од она што сме го ветиле пред граѓаните. Ние немавме голем број ветувања на претходните парламентарни избори и сè уште исклучиво се држиме до сите наши ветувања. Но, потребно е прагматично да се анализира што државата би добила, а што би изгубила со евентуални предвремени избори“, порача претседателот на ЗНАМ.