Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Мал интерес за жешкото столче – претседател на Кривичниот суд: Пријавени само двајца кандидати

Мала доверба кај граѓаните, уште помала заинтересираност за клучната позиција во најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мала доверба кај граѓаните, уште помала заинтересираност за клучната позиција во најголемиот суд во Македонија. Само двајца кандидати за претседател на Скопскиот кривичен суд, кога превосудството кубури и со доверба и со кадар.

Даниела Димовска и Ивица Стефановски во трката за прв човек на скопскиот Кривичен.. Поголема транспарентност и отвореност на Кривичниот суд за да се врати довербата од граѓаните, или пак судиите да имаат подеднаков број предмети и решавање на старите заглавени процеси. Во судскиот совет одговараа на прашања од членовите, како ќе ги заштитат судиите доколку пријават политички притисоци.

Актуелната в.д. претседателка Димовска, тврди дека за 40 проценти ќе го скрати времето на судските процеси, а сака да имплементира и електронска достава до адвокатите за да нема доцнење или одложување на рочиштата. Најавува поголема транспарентност и отвореност на судот кон новинарите и јавноста.

Реклама
  • „Јас сум на оваа позиција 10 месеци и сметам дека треба да се постават индикатори што ќе мерат резултати. Горда сум на моите колеги – предметите за семејно насилство ги завршуваме во просек за четири месеци… Судиите, особено во Кривичниот суд, работат вредно. Во осум часот сите се веќе на работа, со огромен број предмети. Но, за жал, ние сме многу видливи само кога има негативни вести…Само еден коруптивен случај ја руши довербата во сите нас. Нам ни е преку глава од тие два проценти“ рече Димовска.

Судијата Стефановски, познат во јавноста по предметите за Љупчо Палевски Палчо и насилилникот од Карпош – Стојанче Јовановски,  ќе се залага за поголема ажурност, да се скрати траењето на постапките, транспаретноста и меѓучовечките односи. Голем проблем за Стефановски е тоа што има нерамномерно распределување на предметите.

  • „Сметам дека треба да им се даде приоритет на старите предмети и да се намали времето меѓу рочиштата. Тука има простор за поенергичен и посериозен пристап кон ажурноста.Системот АКМИС е стар повеќе од 20 години и не препознава сложен или едноставен предмет. Затоа распределбата не овозможува еднаков товар кај судиите – некои се преоптоварени.“ рече Стефановски.

Од судкиот совет велат дека ова е одлична можност да се запознаат кандидати за претседател, а за малата заинтересираност велат дека не секој добар судија може да биде и добар менаџер.

  • Целта е преку изброт на овој претседател да дојде до подобра организација, да се намали и да се остави зборот „долгата правда не е правда“ рече Ивица Николовски – Претседател на Комисија од Судски совет.

Членовите во Судски сега ќе направат рангирање, по што кандидатите ќе имаат право и на приговори до Управниот суд. Доколку нема забелешки, ќе гласаат Димовска или Стефановски да биде нов претседател на Кривичен.